Линкови за пристапност

Директорот на ФБИ во одбрана на работата на агенцијата


Директорот на Федералното истражно биро (ФБИ) Кристофер Вреј, на денешниот распит во Конгресот, ја бранеше работата на агенцијата, велејќи дека агентите „макотрпно“ работат на обезбедување на Американците од терористички напади и други закани.

„Јас на ФБИ гледам како на десетици илјади храбри мажи и жени, кој работат најнапорно што можат, за луѓето да се чувствуваат безбедно“, истакна Фреј пред Комисијата за правосудство во Претставничкиот дом.

Неговото сведочење се случува откако ФБИ беше цел на реторички напади од страна на претседателот на САД Доналд Трамп и некои други републиканци, кои тврдат дека истрагата на специјалниот советник за Русија, за можна поврзаност меѓу кампањата на Трамп и Русија е со политички предрасуди.

Трамп, преку Твитер, кажа дека угледот на ФБИ е „најлош во историјата“, и го повика Вреј „да направи чистка“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG