Линкови за пристапност

Вториот човек на ФБИ си даде оставка


Ендрју Мекејб, кого претседателот Доналд Трамп јавно го критикуваше за наводна политичка пристрасност, ја напушти агенцијата неколку недели пред планираното пензионирање во март

Ендрју Мекејб стана мета на јавни напади од страна на претседателот Доналд Трамп и републиканците, кои го критикуваа за истрагата за руското мешање во изборите, како и поради тоа што неговата сопруга Џил Мекејб добила стотици илјади долари во донации за нејзината неуспешна кандидатура за државна сенаторка од страна на комисија контролирана од пријател на Хилари Клинтон.

Мекејб минатата година кратко време беше вршител на должноста директор на ФБИ, откако Трамп го отпушти тогашниот директор Џејмс Коми, наводно поради неговиот начин на водење на истрагата за Русија.

Кристофер Реј, поранешен помошник-главен правобранител положи заклетва како нов директор на ФБИ во август, минатата година.

Медиумите објавија дека главниот правобранител Џеф Сешнс, вршел притисок Реј да го отпушти Мекејб, но Реј се заканил дека самиот ќе си поднесе оставка ако Мекејб биде разрешен.

Трамп подоцна негираше дека Реј се заканувал дека ќе замине од функцијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG