Линкови за пристапност

20 години затвор за помагање на Исламската држава


.
.

Одделот за правда соопшти дека 26-годишниот Емануел Лутчман бил осуден поради соработка со терористичката организација

Одделот за правда на САД објави дека федералниот окружен суд во Њујорк го осудил 26-годишниот Емануел Лутчман, обвинет за тероризам, на 20 години затвор и 50 години условна слобода.

Одделот за правда соопшти дека тој бил осуден поради конспирација, со цел обезбедување материјална поддршка за Исламската држава.

Мери Мекорд, вршител на должност помошник- правобранител за национална безбедност изјави дека Лутчман „ соработувал со член на Исламската држава лоциран во странство, и планирал да убие невини граѓани на територија на САД во име на терористичката организација“.

Џејмс Кенеди, вршител на должност федерален правобранител на САД, вели дека осомничениот „бил во директна лична комуникација со лице кое планирало напад од надвор, и кое било регрутирано од Исламската држава во Сирија“.

Според судските документи, сирискиот контакт бил Абу Иса Ал Амрики, познат лидер на Исламската држава, кој сега е мртов, но соработувал со Лутчман во 2015-та.

Лутчман требало да изврши напад врз цивили на 31-ви јануари истата година, со цел да стане член на таа организација.

XS
SM
MD
LG