Линкови за пристапност

Реј потврден за директор на ФБИ


Федералното истражно биро, (ФБИ) има нов лидер. Сенатот со големо мнозинство го потврди Кристофер Реј како нов директор на ФБИ.

За време на конгресното сослушување кое се одржа минатиот месец, Реј нагласи дека ќе работи според американските закони. Ова беше истакнато и од оние кои му дадоа поддршка. Сенаторот од сојузната држава Конектикат, Ричард Блументал рече:

„ФБИ заслужува лидер со интегритет и сила потребна за ова достоинствена мисија. Г-дин Реј, според моето мислење, се покажа дека е таков лидер. Овие квалитети се особено важни, бидејќи како никогаш досега, владеењето на правото и нашите институции за спроведување на законот се загрозени од мешањето на политиката, и тоа започнува од самиот врв.“

Реј ја презема функцијата на помалку од три месеци откако претседателот Доналд Трамп го отпушти неговиот претходник, Џејмс Коми во време кога трае истрагата на ФБИ за вмешаноста на Русија во минатогодишните претседателски избори во САД.

Директорите на ФБИ се назначуваат да служат 10 годишен мандат и се очекува да бидат непартиски и објективни.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG