Линкови за пристапност

ФБИ уапси лице кое подготвувало терористички напад


Деметриус Питс изразил лојалност кон Ал-Каида и планирал да активира бомба во Кливленд, Охајо за време на прославата на Денот на независноста на САД

Официјални претставници од ФБИ соопштија дека уапсиле лице кое заговорaло да изврши терористички напад за време на прославата на Денот на независноста на САД на 4-ти јули во Кливленд, Охајо.

Деметриус Питс изразил лојалност кон терористичката организација Ал-Каида и бил уапсен во неделата веднаш по неговата средба со таен агент на ФБИ на кого му рекол дека планира да постави бомба за време на парадата за празникот.

Специјалниот агент на ФБИ задолжен за Кливленд, Стивен Антони на прес конференција кажа дека за време на средбата со тајниот агент, Питс исто така рекол дека сака да убие воени лица, членови на нивните семејства, федерални и локални агенти.

Главниот правобранител на Северниот округ на Охајо, Џастин Хердман изјави дека во федерален суд против Питс било покренато обвинение за обид за обезбедување материјална поддршка за странска терористичка организација, во случајот Ал Каеда. Максималната казна по ова обвинение е 20 години затвор.

Властите велат дека американскиот државјанин, Димитриус Питс бил радикализиран во САД и живеел во областа на Кливленд. Тој имал долга криминална историја, вклучувајќи семејно насилство, грабеж и носење оружје.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG