Линкови за пристапност

28 напади со оружје во САД регистрирани минатата година, покажа извештај на ФБИ


Минатата година имало 28 активни инциденти со пукање во Соединетите американски држави, што е повеќе од 27 регистрирани претходната година, се вели во извештајот на ФБИ објавен во вторникот.

Според ФБИ активен напаѓач е едно или повеќе лица вклучени во убиство на луѓе во населено место.

Најсмртоносен инцидент со пукање минатата година се случи на 3 август кога вооружен напаѓач застрела и уби 23 лица во Ел Пасо, Тексас.


Инциденти со пукањето минатата година, извршиле 30 активни напаѓачи кои убиле 97 луѓе, а ранети биле 150, соопшти ФБИ. За споредба во претходната година имало 85 убиени и 128 повредени.

Во извештајот, петти по ред на ФБИ, се наведуваат неколку карактеристики на напаѓачите:

- 29 биле мажи, а една била жена

- 26 делувале сами

- 5 биле тинејџери, 13 биле во нивните 20-ти години, 4 во 30-тите, 5 во 40-тите, 2 во 50-тите и еден во 60-тите години.

Деветмина од напаѓачите биле убиени од полициските службеници на местото на нападот, додека пет извршиле самоубиство.

Најсмртоносен инцидент со пукање минатата година се случи на 3 август кога вооружен напаѓач застрела и уби 23 лица, а 22 други беа повредени во продавницата Волмарт во Ел Пасо, Тексас.

XS
SM
MD
LG