Линкови за пристапност

Малцинствата во САД имаат нееднаков пристап до здравствена заштита, предупреди Фаучи


Директорот на Институтот за алергија и заразни болести на САД Ентони Фаучи, рече дека пандемијата го извадила на површина проблемот со расизмот во државата, нагласувајќи дека малцинските групи во САД имаат нееднаков пристап до здравствена заштита.

Фаучи, обраќајќи се на Универзитетот Емори, рече дека Афроамериканците, Латиноамериканците и домородните Американци, поверојатно дека имаат претходни заболувања во споредба со белците, како дијабетес, хипертензија и прекумерна тежина, што се ризик фактори за развивање тешка форма на болеста доколку се заразат со коронавирус.

Согласно податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, заклучно со денес, во САД се регистрирани 32.9 милиони случаи на коронавирус, додека во светски рамки има 162.788.478 заразени. Индија има 24,7 милиони заразени, а Бразил 15,6 милиони.

Министерството за здравство на Индија рече дека изминативе 24 часа биле регистрирани 281.386 нови случаи на ковид-19, најмал број од 15-ти април.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG