Доктор Ентони Фаучи, водечкиот здравствен експерт во владиниот тим на Трамп за справување со пандемијата, изјави дека работи на проект да се развие вакцина против коронавирусот што е можно побрзо.
Фаучи рече дека работи заедно со администрацијата на претседателот, и оти се надева дека постои можност, до крајот на јануари в година, да се направат стотици милиони дози вакцина против овој вирус.
„Сакаме да оди брзо, но, сакаме да осигураме да биде безбедна и ефективна“, рече тој, додавајќи дека мисли оти постои можност работите да дојдат на вистинско место.
„Ќе почнеме да го зголемуваме производството со компаниите кои се инволвирани, и тоа е ризик. Со други зборови, не чекате да го добиете одговорот пред да почнете со производство, претпоставувајќи дека тоа ќе функционира. И ако функционира, тогаш ќе го зголемите, со надеж да дојдете до масовно производство на почетокот на 2021 година“, изјави Фаучи.
Facebook Forum