Линкови за пристапност

Секој четврти Американец јаде брза храна


„Сабвеј“ е најголемиот синџир на брза храна во САД

Не е тајна дека Американците сакаат брза храна. Всушност, еден, на секои четворица Американци секојдневно јаде брза храна, според извештајот на „ЦБС Њуз“. Сепак, количината на консумирање ваква исхрана варира во зависност од регионот, покажале податоците собрани од „Датафинити“, компанија со седиште во Тексас.

На пример, централните и јужните сојузни држави имаат најголема концентрација на ресторани за брза храна по глава на жител, а Алабама е лидерот. Најмалку вакви локации имаат североисточните сојузни држави, предводени од Вермонт, Њу Џерси и Њујорк.

„Централниот регион, со 4,5 ресторани за брза храна на 10 илјади жители, има најголем број ресторани за брза храна по глава на жител“, се наведува во соопштението на компанијата. „Југот е веднаш зад нив со 4,4 ресторани. Источниот регион има најмалку - само 2,5 ресторани на 10 илјади жители“.

Во Алабама се регистрирани 6,3 ресторани на ист број жители, што надминува секоја друга сојузна држава во САД. Од првите 10 држави, девет се од југот на САД. Небраска и Индијана се единствените кои не се од југот, а се наоѓаат меѓу првите 10 со 5,4 и 5 ресторани на 10 илјади жители.

Вермонт има само 1,9 ресторани за брза храна на 10 илјади жители. Орландо, Синсинати и Лас Вегас имаат најголем број ресторани за брза храна по глава на жител, а предничи Њујорк. Калифорнија има четири градови меѓу првите 10 места, со најмалку ресторани.

Мекдоналдс, кој е втор по големина синџир на ресторани за брза исхрана, може да се најде во секој американски град, а Орландо и Лас Вегас имаат најмногу нивни ресторани по глава на жител: 20.9 и 13.9 Мекдоналдс ресторани на 10 илјади жители.

Но може да ве изненади дека најголемиот синџир на брза храна е - „Сабвеј“! Има 18,5 отсто од целиот број на ресторани за брза храна во САД. Мекдоналдс има 11,3 проценти, а потоа следи Бургер Кинг, со 5,7 проценти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG