Американските фармери ќе добијат финансиска помош од 12 милијарди долари, како компензијата за очекуваните финансиските загуби од трговската политика на претседателот Трамп.
Директната помош ја најави Одделот за земјоделство и доаѓа по воведени нови тарифи од администрацијата на претседателот Трамп и возвратните контра-мерки од државите со кој тргуваат САД. Се очекува земјоделците да имаат загуби од милијарди долари.
Некои фармери негодуваат дека финансиската помош нема да им помогне на долг рок и зголемените тарифите ќе им се одразат врз бизнисот.
Официјални лица од Белата куќа ги бранеа новите тарифи како неопходни мерки, со кусорочни потреси по домашниот пазар, со цел да бидат постигнати поголеми придобивки на долг рок за американската економија.
Facebook Forum