Иако медиумските наслови деновиве најчесто ги полнат големите корпорации, огромен дел од бизнисите во САД се мали и семејни, во кои децата најчесто ја наследуваат професијата од родителите.
Но, што се случува кога ќе ве вработи – сопственото дете?
Бизнисот на Александра Фергусон цвета. Во 2009-та отворила компанија за декорирање на ентериери во предградие на Њујорк. Дизајнира перници со фрази како „Мисли глобално“ и „Биди добар, или оди си“.
Шарлот е мајката на Фергусон, вработена во компанијата каде работи 15 до 20 часа неделно. Засега неплатено, но, според Александра, кога би го поделиле имотот, мајка и` би добила голем дел.
„Мошне чудно“, со насмевка одговара Шарлот на прашањето како е да ја има сопствената ќерка за претпоставен.
Како попрактична - според сопствено опишување - Шарлот вели дека таа е онаа која ги врши работите зад сцена. Нуди морална поддршка, онака како што тоа го умеат само мајките, но, од друга страна, без двоумење и` предочува на својата шефица кога здолништето и` е прекусо. Шарлот, едноставно, е среќна кога гледа дека ќерката е во прв план во компанијата.
„Така треба и да биде. Таа е лицето на компанијата. Јас сум задоволна што и` помагам од позадина“, вели Шарлот.
И Кети Вејфорд ја вработила мајка и`, Шила, во својата слаткарница во Канзас Сити. Го делат бизнисот подеднакво, иако идејата била на Кети.
„Да отпочнете бизнис денеска, тоа во голем дел инволвира технологија“, истакнува Кети.
Технологијата, пак, не е најсилната страна на мајка и`.
„Понекогаш дури забележувам одредена фрустрација во нејзиниот глас, кога не ми оди најдобро со технологијата“, признава Шила.
Па сепак, таа се насочува на своите квалитети. Ќерка и` се согласува. Кети вели додека дека таа самата може да работи на неколку проекти одеднаш, Шила носи поинаков пристап во бизнисот.
„Ги врши работите една по една и ја вложува сета енергија, сите задачи ги завршува како што треба, а нашите муштерии го почитуваат тоа“, коментира Кети.
„Таа учи нови работи за мене, а јас посекако учам нови работи за неа“, ги пренесува импресиите Шила.
Како кога Кети ќе ја потсети дека ако некогаш видливо е раздразнета, тоа е поради самата природа на бизнисот, можеби поради некој деловен партнер, а не поради - мајчинската грижа за неа.