Линкови за пристапност

Лажните производи и организираниот криминал


Лос Анџелес – Мека за измамниците.

Купувачите во потрага по поволни цени во Лос Анџелес се концетрираат на областа Санти Ели, каде облеката, очилата за сонце, часовниците и играчките може да ги најдете во изобилство. Вообичаено се сместени во мали продавници и ги има густо наредени по улиците. Санти Ели е позната како рај за лажните производи.

Анита Греј купува овде со години. Таа вели дека никогаш не би купила лажни производи од познат дизајнер, но дека ги има видено. Но, не и во последно време.

Надлежните потенцираат дека ова се должи на засилениот ангажман на полицијата со серијата спроведени рации во тие продавници. Од тие причини сопствениците се смета дека се повнимателни.

Истражителот Крис Бакнер ги следи оние кои продаваат и произведуваат лажни производи. Тој вели дека проблемот не е ограничен само на Лос Анџелес и дава проценка дека 10 проценти од производите на располагање се лажни.

Овој експерт додава дека бизнисот од околу 500-те милијарди долари годишно е поголем проблем од илегалната трговија со дрога, а сево ова е поврзано со локалните улични банди и меѓународниот организиран криминал.

„Постојат групи што имаат врски со Хезболах, Муслимаското братство и Хамас и што се вклучени во овие активности. Проблемот е што ова е одлична можност за луѓе да заработат пари“, смета Бакнер.

Тој вели дека криминалните елементи честопати ги прават лажните производи во подземни простории.

„Тие практично шверцуваат недокументирани лица во САД и ги присилуваат да работат во овие ситуации се` додека не ги исплатат трошоците за легален престој“, изјави Бакнер.

Стручњаците воедно предупредуваат од понуда на овие производи и преку Интернет, бидејќи притоа продавачот ќе има пристап и до вашите лични податоци, како бројот на вашата кредитна картичка и адреса.

Властите се обидуваат да се справат со оваа појава преку програми за обука на надлежните органи во откривањето на лажните произоводи. Но главната грижа за претпазливост останува на купувачот.
XS
SM
MD
LG