Линкови за пристапност

Нови тестови за лажни лекови


Како да дознаете кои од таблетите се вистински?

Лажните лекови се профитабилен и популарен бизнис. Светската здравствена организација проценува дека од 10 до 30% од лековите што се продаваат во земјите во развој - не се вистински.

„Се чини дека голем дел од лажните лекови доаѓаат од Југоисточна Азија и Северна Африка“, наведува Тони Барстис, која работи како хемичарка во колеџот Сент Мери од Индијана.

Светската здравствена организација проценува дека од 10 до 30% од лековите што се продаваат во земјите во развој - не се вистински.
Светската здравствена организација проценува дека од 10 до 30% од лековите што се продаваат во земјите во развој - не се вистински.
Таа мисли дека проблемот добива на тежина со фактот дека земјите во развој немаат ефикасна регулатива против лажните лекови.

Барстис и екипа студенти работеле на тест за идентификување на лекот против болка и покачена телесна температура Панадол, уште познат и како Тајленол. Во лажните лекови, активната состојка на лекот, ацетоминофенот, или не постои, или не е во доволна количина. Од друга страна, состојката се користи во лажните лекови против маларијата и антибиотиците, каде е неефикасна.

Тестот на Барстис, што го усовршила во соработка со колегите од соседниот Универзитет Нотердам, се прави со лакмус-хартија голема колку визит-картичка. Функционира на тој начин што лекот, едноставно, ќе го протриете од хартијата која потоа ја потопувате во вода. Доколку ја промени бојата, тоа укажува дека лекот може да содржи сомнителни состојки.

„Процесот трае нешто помалку од пет минути. Можат да го направат и петгодишни деца, и 90-годишни луѓе. Децата со кои работевме дури се натпреваруваат кој побрзо ќе го направи тестот. Рекордот во моментов изнесува една минута и 38 секунди“, вели таа.

Барстис вели дека е близу и до изработка на слични, едноставни евтини лакмус-тестови за неколку други популарни лекови. За поголема достапност на тестовите, таа размислува и за отворање на непрофитна организација преку која тие би се пласирале.

Во Институтот за технологија во сојузната држава Џорџија, хемичарот Факундо Фернандез минал 10 години на изработка на различни методи за тестирање. Тој користи стандардна лабораториска технологија за да направи инвентар на компонентите во сомнителните лекови. Инвентарот се нарекува масовен спектрум. Во рамки на истражувањето, тимот на Фернандез соработувал со 11 африкански земји во обидите да се откријат лажни лекови, против маларија, на пример.

Иако овој метод засега функционира само во лабораториски услови, Фернандез работи и на спектрометри што научниците би ги користеле на терен.

Најновите методи на тестирање беа претставени на неодамнешната средба на Здружението на американски хемичари во Филаделфија. Новите техники би требало да помогнат во, како што ја нарекува Светската здравствена организација, сериозната закана од лажните лекови по здравствените системи ширум светот.
XS
SM
MD
LG