Во поднесокот се вели дека новото правило го крши правото на верска слобода дадено од американскиот Устав. Државите кои поднесоа тужба се Флорида, Небраска, Мичиген, Охајо, Оклахома, Јужна Каролина и Тексас.
Три католички организации и две приватни лица исто така се приклучија на тужбата.
Администрацијата на Обама порано годинава соопшти дека институции како добротворни друштва, болници и училишта, кои се на верска база, треба да понудат покривање на трошоците на нивните вработени за контрацепција, според новиот федерален закон за здравствена заштита. Но правилото предизвика лути протести од некои верски лидери, кои тврдат дека со тоа се задира во нивните верувања против контрола на раѓањето.
Реакцијата го натера претседателот Обама да понуди компромис што го поместува товарот од работодавците на осигурителните компании.