Линкови за пристапност

Комеморација за загинатите на панаѓур во Индијана


Комеморација за загинатите на панаѓур во Индијана
Комеморација за загинатите на панаѓур во Индијана

Ненадејни силни ветришта ја срушија сцената врз посетителите кои чекаа на настап на групата Шугарленд.

Властите на Индијана одржаа комеморација за петте лица кои загинаа саботата кога се сруши концертната сцена на панаѓурот на оваа сојузна држава.

Гувернерот Мич Даниелс во емотивното обраќање кажа дека несреќата ги скршила срцата на сите во државата и се заблагодари на оние кои поитаа да помогнат и да ги извлечат настраданите.

Панаѓурот по комеморацијата повторно отвори за работа, со знамињата на пола копје.

Даниелс неделата изјави дека никој не можел да предвиди дека несреќата ќе се случи. Ненадејни ветришта со јачина од 96 до 112 километри на час ја срушија сцената пред која насобраните чекаа да почне концертот на групата Шугарленд. Покрај петмината загинати, беа повредени 40 лица.

XS
SM
MD
LG