Линкови за пристапност

Сан Франциско забрани употреба на технологија за препознавање лица


Сан Франциско е првиот град во САД кој и забрани на полицијата да користи технологија за препознавање на лица.

Градските советници гласаа со 8 наспроти еден за забраната која е дел од поширока легислатива која им наложува на одделенијата во Сан Франциско да побараат одобрение за да можат да ја користат ваквата технологија.

Сепак забраната не се однесува за лична употреба или употреба на технологијата од страна на федералната влада.

Застапниците за заштита на приватноста водеа жестока дебата со поддржувачите за јавна безбедност во врска со одлуката.

Оние кои ја поддржуваат забраната велат дека технологија за препознавање лица е сериозна закана за граѓанските права.

Противниците велат дека на полицијата им е потребна помош за фаќање на криминалци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG