Линкови за пристапност

Првиот човек на Фејсбук ќе сведочи за скандалот со приватноста


Законодавците Грег Валде и Френк Палоне, изјавија дека со сослушувањето се надеваат дека „ќе ги расветлат проблемите со доверливоста на податоците на корисниците“

Извршниот директор на Фејсбук Марк Цукерберг, ќе сведочи пред конгресна комисија за скандалот со приватноста на информациите на корисниците.


Тој ќе се појави пред Комисијата за енергетика и трговија во Претставничкиот дом на 11-ти април, каде ќе биде прашуван за британската консултантска фирма Кембриџ Аналитика, која добила податоци за десетици милиони корисници на Фејсбук. Се верува дека податоците можно е да се користеле за да влијаат врз гласачите во американските избори. Компанијата беше ангажирана за време на претседателската кампања на Доналд Трамп во 2016-тата година, која ѝ платила на компанијата околу шест милиони долари.

Претседавачот на Комисијата Грег Валден, и демократот Френк Палоне, изјавија дека со сослушувањето се надеваат дека „ќе ги расветлат проблемите со доверливоста на податоците на корисниците, а на сите Американци би им помогнало подобро да разберат што се случува со нивните лични информации на интернет“.

Ова е прва од трите конгресни комисии коишто побараа од Цукерберг да сведочи.

Ова се случува откако високи функционери на Фејсбук не успеаја да одговорат на прашањата за време на приватен состанок со конгресни претставници, за тоа како компанијата и трети лица ги користат и ги заштитуваат податоците на корисниците.

Останува нејасно дали Конгресот или администрацијата ќе преземат каква било акција против Фејсбук, но компанијата е добро позиционирана да се спротивстави на сите напори за нејзино регулирање.

Документите поднесени до Претставничкиот дом и Сенатот, покажуваат дека Фејсбук потрошил преку 17 милиони долари во 2017-та година, поголемиот дел од тимот за лобирање кај поранешните републикански и демократски политички соработници. Компанијата лобирала и за други различни прашања, вклучувајќи ги и можните промени во програмите за надзор на владата и прашања за корпоративните даноци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG