Линкови за пристапност

Фејсбук и Твитер во Конгресот го бранеа спречувањето мешање во изборен процес


Гигантите на социјалните медиуми продолжиле да откриваат лажни профили кои можат да бидат поврзани со Русија

Извршни лица на „Фејсбук“ и „Твитер“ денеска учествуваа на две сослушувања во Конгресот, во обид да се идентификуваат надворешните учесници кои сакаат да им нанесат штета на престојните делумни ноемвриски избори во САД.

Социјалните медиуми се под притисок за надворешното мешање во американските избори, ширењето на дезинформации, приватноста и цензурата. Конгресот ги критикуваше социјалните медиуми во текот на изминатата година, кога стано јасно, дека тие беа инволвирани за време на вмешаноста на Русија во американските претседателски избори во 2016-та.

Главната оперативна директорка на Фејсбук, Шерил Сандберг, се очекува да одговори на прашањата поврзани со надворешното мешање во американските избори.

Забелешките на Сандберг објаснуваат каков ќе биде одговорот на компанијата во врска со овој проблем, но дека процесот е бавен. Специјалниот советник Роберт Мулер обвини дванаесет државјани на Русија претходно оваа година, по обвиненијата за нивна вмешаност во америкаснките избори во 2016-та година, отворајќи лажни профили на социјалните медиуми.

Сведочењето на Сандберг, исто така, ги објаснува напорите за отстранување на 270 страници од Фејсбук како и други содржини поврзани со руските државјани, кои биле членови на разузнавачка агенција на руската федерација (ГРУ). Сведочењето на Сандберг вели дека Фејсбук се`уште има ограничен пристап врз активностите на Русија во 2016-та година „бидејќи немале пристап до информациите за истражните алатки“ што, пак, ги има владата на САД.


„Ова е трка за вооружување, а тоа значи дека треба да бидеме уште повнимателни“, вели Сандберг.

Извршниот директор на Твитер Џек Дорси, исто така, ќе се соочи со гневните републиканци кои тврдат дека социјалните медиуми се пристрасни кон конзервативците. Дорси вели дека Твитер не ја зема во предвид политичката идеологија кога донесува одлуки.

„Твитер не ја користи политичката идеологија во носењето одлуки, без разлика дали се поврзани со рангирање на содржини на нашата служба или како ги спроведуваме нашите правила“, рече тој. Дорси вели дека Твитер користи „сигнали за однесување“ кои можат да помогнат во идентификација на спамови и злоупотреба.

Сведочење на Дорси, исто така, вели дека Твитер продолжил да открива лажни профили кои можат да бидат поврзани со Русија, велејќи дека досега се укинати 3.843 сметки.

Досега многу социјални медиумски компании направија промени во нивните политики кои открија и блокираа лажни профили во текот на изминатата година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG