Линкови за пристапност

Фејсбук и Твитер затворија профили поврзани со Русија и Иран


Компаниите рекоа дека тие се обидувале да шират пропаганда во многу држави, меѓу кои и САД и Британија

Социјалните медиуми Фејсбук и Твитер изјавија дека затвориле стотици профили поврзани со Русија и Иран, пред претстојните конгресни избори во САД.

Фејсбук рече дека отстранил 254 страници и 116 профили на Инстаграм од Иран, а кои биле дел од кампањата за дезинформирање во многу држави во светот, вклучувајќи ги САД и Британија.

Комапниите реагирале на препорака на компанијата за кибернетска безбедност „ФајрАј“, која на почетокот на неделава рече дека овие профили промовирале иранска пропаганда и дискусија за антисаудиски, антиизраелски и пропалестински теми.

Бришењето на страниците доаѓа недели откако компанијата затвори неколку страници за дезинформирање, со потекло од Русија.

Фејсбук нагласи дека руските профили не биле поврзани со оние од Иран.

И Твитер вчера рече дека идентификувал и остранил 284 профили, поради „вмешаност во координирана манипулација“, кои потекнувале од Иран.

Мајкрософт, исто така, рече дека презел контрола врз страниците, за кои се смета дека се обиделе да хакираат американски тинк - тенк организации, како и Сенатот на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG