Фејсбук најави дека затворил 32 профили на Фејсбук и Инстаграм, бидејќи биле вклучени во координирано несоодветно однесување.
Компанијата соопшти дека истрагата се` уште е во почетна фаза и оти фактите засега не се познати, вклучувајќи и кој може да стои зад ова.
Фејсбук вели дека кој и да ги отворил овие профили отишол многу подалеку во прикривање на вистинските идентитети, за разлика од Руската истражувачката интернет агенција во минатото.
Аналитичарот Мајкл Поснер верува дека Фејсбук треба да направи специјален оддел да работи на руските трикови.
„Она што Русите го прават е закана за нашата демократија. Фејсбук, Гугл и Твитер треба да формираат посветени тимови, кои ќе работат на адресирање на руското прашање“, вели тој, нагласувајќи дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп и Конгресот, исто така, имаат улога во одбрана на државата од кибернетски напади.
Секретарката за државна безбедност на Кристен Нилсен не даде директен коментар за најавата на Фејсбук, но, нагласи дека надлежните прават напори за го заштитат изборниот систем во САД.
Facebook Forum