Фејсбук соопшти дека владините агенти од над 70 земји побарале информации за десетици илјади корисници на социјалната мрежа во првата половина од оваа година.
Денес објавениот извештај покажува дека биле побарани податоци за приближно 38.000 корисници, а половина од барањата се од властите во САД.
Од Македонија имало вкупно 9 барања, за 11 корисници.
Фејсбук наведува дека извештајот го покрива периодот од 1-ви јануари до 30-ти јуни.
Мрежите како Фејсбук и Твитер понекогаш ја примаат и улогата на платформи за организирање на активисти, што ги прави мета на владите. За време на протестите против владата нешто порано годинава, турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ги нарече ваквите медиуми „најлоша закана по општеството“.
И Мајкрософт и Гугл имаат објавено податоци за тоа колку често владите бараат информации за нивните корисници.