Убиецот кој наводно застрелал повозрасен човек во Кливленд, Охајо на Велигден, и го поставил видеото на Фејсбук, извршил самоубиство по кусата полициска брканица.
Стив Стивенс се самоубил, соопшти полицијата, која го открила во општината Ири во Пенсилванија во вторникот наутро.
Тој бил ставен на списокот најбарани лица на ФБИ, а за информација која би довела за негово апсење, била понудена награда од 50.000 долари.
Стивенс наводно се снимил себеси кога го извршил убиството, видеото го објавил на Фејсбук, заедно со уште едно видео во кое тврди дека претходно убил други 13 лица.
Полицијата врши истрага, но властите велат дека не нашле докази кои укажуваат дека тој стои зад други убиства.
Во интервју за Си-Ен-Ен (CNN), мајката на Стивенс кажа дека тој го застрелал лицето затоа што бил „скаран со неговата девојка.“
Полицијата соопшти дека убиеното лице порано работело во леарница и е татко на 10 деца. Тој собирал алуминиумски лименки покрај патот, кога Стивенс наводно му се приближил и го застрелал.
Facebook Forum