Линкови за пристапност

Свиркач тврди дека Фејсбук избира профит наместо безбедност на корисниците


Френсис Хоген, 37-годишна научничка за податоци од Ајова, во интервју за емисијата „60 минути“ рече оти компанијата знае оти поттикнува омраза и го нарушува менталното здравје на децата

Свиркачот што сподели бројни документи во кои се тврди дека Фејсбук, гигантот на социјалните медиуми, знаел оти неговите содржини поттикнуваат омраза и го нарушуваат менталното здравје на децата, го откри нејзиниот идентитет во неделата во телевизиско интервју за емисијата „60 минути“, објави агенцијата „Франс-прес“.

Френсис Хоген, 37-годишна научничка за податоци од Ајова, која работела и за Гугл и Пинтрест, обвинува дека компанијата избрала „профит наместо безбедност“.

„Верзијата на Фејсбук што постои денес ги дели нашите општества и предизвикува етничко насилство низ целиот свет“, рече таа.

Во интервјуто за „60 минути“, таа објасни како алгоритмот, кој избира што да им се прикаже на корисниците, е оптимизиран за содржина што предизвикува реакција.

Истражување на самата компанија покажува дека е „полесно да се поттикнат луѓето на гнев отколку на други емоции“, рече Хоген.

За време на претседателските избори во САД во 2020 година, рече таа, компанијата ја сфатила опасноста од таквата содржина, вклучувајќи ги безбедносните системи за да ја намали.

Таа не направи директна релација помеѓу одлуката за враќање на безбедносните системи и немирите во Конгресот на САД на 6 јануари, иако „60 минути“ забележа дека социјалната мрежа ја користеле некои од организаторите на тоа насилство.

Фејсбук вчера ги отфрли обвинувањата дека придонел за немирите на 6-ти јануари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG