Линкови за пристапност

Фејсбук планира да вработи 10.000 лица во ЕУ да работат на нова платформа за поврзување преку Интернет


Фејсбук планира да вработи 10.000 лица во Европската Унија во наредните пет години да работат на нова платформа за поврзување луѓе преку Интернет, што опфаќа и виртуелна реалност, објави Асошиетед прес.

Компанијата рече дека оваа платформа е следната голема работа по мобилниот Интернет, додека истовремено се соочува со други проблеми, како антимонополски постапки, сведочење на поранешна вработена во компанијата, како и со реакции за тоа како Фејсбук се справува со дезинформациите за ковид вакцините и пандемијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG