Линкови за пристапност

Фејсбук – со чувства


Фејсбук наскоро ќе претстави широка лепеза на реакции покрај сегашното „ми се допаѓа“

Корисниците ќе можат да покажуваат емоции, како лутина, тага, воодушевување и слично кога ќе сакаат да остават коментар на фотографија или видео објавено на оваа социјална мрежа.

„Ние сакаме луѓето да бидат во можност да споделуваат се` што е значајно за нив, не само она што ги прави среќни“ изјави извршниот директор на Фејсбук, Марк Зукерберг во средата. Тој рече дека оваа промена на опциите ќе се случи „многу бргу“.

Фејсбук започна со тестирања на новите изрази, кои ги нарекува „реакции“, минатиот октомври во Чиле, Филипини, Португалија, Ирска, Шпанија, Јапонија и Колумбија.

Социјалниот медиумски гигант се надева дека дополнителните избори ќе ги охрабри луѓето да ги споделуваат своите размислувања почесто и да поминуваат подолго време на социјалната мрежа отколку сега.

Исто така во среда, Фејсбук објави профит од 1,56 милијарди долари во последните три месеца од 2015-та година, во споредба со 701 милиони долари во истиот период претходната година.

Приходите во третиот квартал кој завршува на 31-ви декември исто така е зголемен на 5,84 милијарди долари за разлика од 3.85 милијарди долари во истиот период изминатата година.

Профитот на Фејсбук беше поттикнат со порастот на интернет маркетингот што беше насочен кон големиот број корисници на мобилни уреди. Од Фејсбук велат дека имаат речиси 1,6 милијарди корисници. Од нив, 1,4 милиларди корисници ја користат услугата на мобилни уреди.

„Доколку се занимавате со маркетинг и сакате да допрете до широк аудиториум, имате две опции, Фејсбук и Гугл“ вели аналитичарот Џејмс Чакмак. „Фејсбук останува да биде најбрзо растечка платформа за маркетинг, па дури и да се отворат нови канали за корисниците, тоа нема да се промени“.

XS
SM
MD
LG