Линкови за пристапност

Фејсбук повторно одби да го ограничи политичкото рекламирање


Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, постојано тврди дека „политичкиот говор е важен“ и дека Фејсбук не сака да се меша во него

Фејсбук одлучи да не ограничува како политичките реклами можат да бидат насочени кон специфични групи на луѓе, како што тоа го стори неговиот главен ривал со дигитални реклами, Гугл во ноември со цел борба против дезинформациите. Исто така нема да бидат забранети политички реклами целосно, како што тоа го направи Твитер минатиот октомври. И, сè уште нема проверка на фактите, иако Фејсбук се соочува со притисок да го направи тоа.

Наместо тоа, се најавуваат многу поограничени „функции на транспарентност“ кои имаат за цел да им овозможат на корисниците малку поголема контрола врз тоа колку гледаат политички реклами и да им го олесни користењето на онлајн библиотеката со политички реклами.

Овие чекори се чини дека е малку веројатно дека ќе ги разубедат критичарите - вклучително и некои од вработените во компанијата - кои велат дека Фејсбук има премногу моќ и нема доволно ограничувања кога станува збор за ефектите врз изборите и самата демократија.

Од минатата есен, Фејсбук инсистира на тоа дека нема да ги проверува политичките реклами, потег за кој критичарите велат дека им остава простор на политичарите да лажат во реклами што не можат лесно да се следат од страна на странци. Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, постојано тврди дека „политичкиот говор е важен“ и дека Фејсбук не сака да се меша во него.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG