Линкови за пристапност

Фејсбук ќе ги означува кредибилните информации за вакцините против ковид-19

Компанијата рече дека ќе обезбедува и информации за корисниците за тоа како може да се вакцинираат

Основачот на Фејсбук Марк Закерберг изјави дека ќе биде означено она што е утврдено како „кредибилна информација“ за вакцинирањето против ковид-19.

Компанијата рече дека до објавите за вакцините ќе додава „кредибилна информација“ од Светската здравствена организација (СЗО).

„Додаваме објаснување на објавите кои зборуваат за безбедноста на вакцините против ковид-19, што укажува дека вакцините против ковид-19 поминуваат тестови за безбедност и ефективност пред да бидат одобрени“, рече Закерберг.

Компанијата рече дека ќе обезбедува и информации за корисниците за тоа како може да се вакцинираат.

Фејсбук беше критикувана дека не успеала да делува против дезинформациите поврзани со вакцините.

This item is part of

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG