Компанијата „Фејсбук“ рече дека повеќе нема да ги отстранува објавите дека коронавирусот бил човечки направен или произведен, во време кога се одвиваат истраги за потеклото на ковид-19.
Компанијата рече дека за ваквата одлука консултирала јавни здравствени експерти.
Од почетокот на пандемијата, „Фејсбук“ ги промени правилата неколку пати во однос на тоа што е дозволено да се објавува на оваа тема, а што не е.
Друго тврдење што е забарнето да се објавува на платформата е тоа дека вакцините не се ефективни и оти се отровни.
Претседателот на САД Џо Бајден најави дека ќе ги сподели резултатите од истрагата на американските разузнавачи за потеклото на ковид-19, по зголемените информации дека вирусот можеби излегол од кинеска лабораторија.
Американски разузнавачки агенции минатата година рекоа дека нивните информации го поддржуваат „широкиот научен консензус дека вирусот не е создаден од човекот или генетски модифициран“, како и дека ќе продолжат да ги испитуваат појавените и разузнавачките информации, со цел да утврдат дали вирусот им бил пренесен на луѓето од животни, или е резултат на лабораториска грешка.
Facebook Forum