Линкови за пристапност

Пред сведочењето во Конгресот, Цукерберг се извини за нарушување на довербата


Извршниот директор на Фејсбук призна вина во врска со користењето на податоците од 87 милиони корисници од страна на компанијата Кембриџ Аналитика

Марк Цукерберг знае да признае кога станува збор за негова грешка:

„Немавме поширок поглед за тоа што се нашите одговорности. Тоа беше голема грешка. Тоа беше моја грешка.“

Истото го стори и оперативната директорка Шерил Сандберг:

„Направивме голема грешка, и ние го знаеме тоа.“

Но, директорите на Фејсбук не ја преземаат целата одговорност:

„Тоа се информации кои се јавно објавени на Фејсбук“ вели Сандберг.

Овие изговори можат да бидат најава за во време кога Цукерберг се подготвува да сведочи пред Конгресот поради непочитување на податоците од 87 милиони корисници од страна на консултантката компанија Кембриџ Аналитика

„Во САД многу од она што се случува на платформите за социјалните мрежи, вклучувајќи го Фејсбук, но исто така со апликациите, сето ова на некој начин е саморегулирано. Никогаш не е јасно како е регулирано и како се спроведува“ вели Џозеф Џером од Центарот за демократија и технологија

Тоа значи дека технолошките компании плаќаат релативно мала цена за ваквото неприфатливо однесување.

„Федералната комисија за трговија парично го казни Гугл, но тоа беше само 20 милиони долари, за кое верувам дека е околу половина од дневниот приход од Гугл“ додава Џером.

Бизнисот се уште вклучува споделување на кориснички податоци со програмери од трети компании. И покрај недостатокот на транспарентност, Сандберг вели дека целта на социјалната платформа е благородна:

„Верувавме во свет каде што луѓето можат да споделат и да искусат заеднички работи, а ние едноставно не размислувавме доволно за случаите на злоупотреба.“

Отсега, ќе мора да се размислува поинаку.

(Тина Трин)

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG