Линкови за пристапност

Фејсбук соочен со нови обвинија за манипулации за изборите во САД


Во понеделникот акциите на компанијата паднаа за речиси седум проценти, губејќи 36 милијарди долари

Конгресните лидери и регулаторите во САД и Европа вршат притисок врз Фејсбук да одговори на прашањата за тоа дали компанијата била изманипулирана за време на американските претседателските избори во 2016-та.

Сенатската Комисија за трговија испрати прашања до компанијата за наводите дека консултантската фирма „Cambridge Analytica“ користела податоци од 50 милиони корисници на Фејсбук, за поддршка на политичките кампањи. Британските и американските законодавци го повикаа извршниот директор на Фејсбук, Марк Зукерберг на сведочење. Компанијата, наводно одржала состанок како да одговори на прашањата.

Меѓу нив е и зошто Фејсбук не ги информирал засегнатите корисници за проблемот. Во понеделникот акциите на компанијата паднаа за речиси седум проценти, губејќи 36 милијарди долари, најголем еднодневен пад за речиси четири години. На почетокот на денешното тргување, вредноста на акциите на Фејсбук паднаа за околу три проценти.

Истрагата за улогата на оваа компанија во изборите во 2016-та година доаѓа во време кога Фејсбук се соочува со прашања за начините како да се регулира и надгледува.

Со повеќе од две милијарди корисници и милијарди долари профит, Фејсбук стана моќен канал на вести, мислења и пропаганда, поголем дел од нив насочени кон поединци врз основа на нивните сопствени податоци.

Мрежата на социјалните медиуми и истражителите открија дека оперативци поддржани од Русија го користеле Фејсбук за ширење на дезинформации и пропаганда.

Во последниве неколку месеци, Фејсбук заедно со Јутјуб и Твитер, ги променија правилата за да ја намалат моќта на автоматизираните профили и пропагандата. Фејсбук соопшти дека ќе ангажира 10.000 вработени за безбедноста на нивните онлајн операции.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG