Линкови за пристапност

Фејсбук излегува на берза


Фејсбук, најголемата Интернет страница меѓу социјалните медиуми, во петок започнува како компанија со која јавно се тргува.

Компанијата со седиште во Калифорнија ќе се продава за 38 долари по акција кога берзата НАСДАК ќе се отвори во петок. Првичната јавна понуда – почетната цена по која просечен инвеститор може да купи акција – се очекува да порасне на 16 милијарди, правејќи ја една од најголемите иницијални јавни понуди во американската корпоративна историја, на која конкуренција и` се само Виза, компанијата за финансиски услуги, и Џенерал Моторс.

Ова ја истурка вредноста на Фејсбук на најмалку 104 милијарди долари.

Некои аналитичари очекуваат милиони акции на Фејсбук да бидат продадени заради големата побарувачка за поседување на дел од овој препознатлив производ. Симболот за акциите на Фејсбук ќе биде „ФБ“

Но други ги советуваат клиентите да чекаат и да видат дали компанијата се` уште може да расте и колку реклами може да продаде пред да купат акции.

Приходот од реклами на Фејсбук забави последните месеци, и сомневања за долгорочната отпорност беа засилени порано месецов кога Џенерал Моторс соопшти дека се повлекува од платени реклами на страницата.

Фејсбук допрва треба да направи стратегија за привлекување на реклами на мобилни aнаправи како умни телефони и таблет компјутери.

XS
SM
MD
LG