Линкови за пристапност

Фејсбук – јавна компанија


Фејсбук – јавна компанија
Фејсбук – јавна компанија

Фејсбук ги става своите акции на јавна продажба, според најновите новински извештаи. Со тоа, светски најголемата Интернет-мрежа за дружење би требало да заработи преку пет милијарди долари.

Акциите на потенцијалниот купувач би му дале дел од сопственоста во компанијата, а за возврат компанијата добива дополнителни средства за својата работа.

Фејсбук денеска ќе ги поднесе документите со кои ќе понуди акции на продажба за прв пат во својата историја.

Фактичката продажба на акции се очекува да уследи за неколку месеци, и некои аналитичари ја проценуваат вредноста на компанијата на околу 100 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG