Линкови за пристапност

Фејсбук најави рестрикции за објавување политичка содржина


Компанијата е под притисок да се справи со дезинформациите за време на пандемијата, како и во време кога САД се подготвуваат за претседателски избори во ноември

Фејсбук најави нови правила за медиумските организации, кои имаат врски со политички групи, со цел да ги спречи да објавуваат реклами на социјалните медиуми кои наликуваат на новинарски извештаи.

Компанијата е под притисок да се справи со дезинформации кои се објавуваат на нејзините платформи за време на пандемијата, како и во време кога САД се подготвуваат за претседателски избори во ноември.

Правилата дозволуваат издавачите со политички врски да се регистрираат на нејзината страница, но, ќе бидат исклучени од користење на Фејсбук за ширење на нивните пораки.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG