Линкови за пристапност

Фејсбук призна дека споделувал податоци со кинески компании


Информацијата предизвика нова загриженост во врска со користењето на приватните информации на корисниците

Фејсбук призна дека имал договор за размена на податоци со четири кинески технолошки компании меѓу кои и една, која од страна на американската разузнавачка заедница, се смета како закана за националната безбедност.

Информацијата предизвика нова загриженост во врска со користењето на приватните информации на корисниците на ова социјална мрежа.

Признанието дојде два дена откако „Њујорк тајмс“ откри оти Фејсбук имал спогодби за споделување податоци со околу 60 производители на електронски уреди, меѓу кои „Хуавеи“, “Леново“ „ОППО“ и „ТЦЛ“, со цел корисниците на социјалната мрежа полесно да можат да пристапат од нивните уреди.

Американските разузнавачки агенции со години наназад предупредуваат дека кинеската Влада би можела да побара пристап до податоците, кои се чуваат на уреди или сервери произведени од „Хуавеи“.

Американската армијата веќе забрани продажба на паметни телефони „Хуавеи“ на воените бази.

Потпретседателот на Фејсбук Франциско Варела, изјави дека размената на податоци со „Хуавеи“ и другите кинески компании „биле контролирани од самиот почеток“.

Фејсбук се најде под интензивна критика, откако беше откриено дека компанијата споделила десетици милиони лични информации на корисниците со британската консултантска компанија „Кембриџ Аналитика“.

Фејсбук беше на удар и во септември, кога објави дека Русите, користејќи лажни профили, се обиделе да влијаат на претседателките избори во САД во 2016-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG