Линкови за пристапност

Истрага против Фејсбук како ја контролира заштитата на приватноста на информациите


„Ние имаме одговорност да ги заштитиме информации“, рече Цукерберг

Федералната комисија за трговија на САД денеска соопшти дека ја испитува контролата за приватноста на Фејсбук, по извештаите дека личните податоци на десетици милиони корисници биле компромитирани од британската компанија за профилирање на гласачи „Кембриџ Аналитика“.

Агенцијата ја спушти цената на акциите на Фејсбук за уште два отсто, откако 14 отсто минатата недела ја намали пазарната вредност на компанијата за 90 милијарди долари.

Федерална комисија за трговија (ФКТ) вообичаено не ги објавува своите истраги, но потврди дека истрагата од минатата недела, е отворена.

Шефот на одбраната на потрошувачите, Том Пал, рече: „ФКТ е цврсто и целосно посветена на користење на сите свои алатки за заштита на приватноста на потрошувачите. Најважно меѓу овие алатки е акција за спроведување против компании кои не ги почитуваат нивните ветувања за приватност“, вклучувајќи го и почитувањето заеднички договор за приватност на САД и Европа".

Праксите за приватноста на Фејсбук се испрашуваат на двете страни од Атлантикот, по откритијата дека „Кембриџ Аналитика“ добила информации за корисниците на Фејсбук од британскиот истражувач Александ Коган, кој бил овластен од Фејсбук за да ги собере податоците како дел од една академска студија.

Коган развил апликација со која 270 илјади корисници на Фејсбук му доставиле информации за себе. Сè на сè, поради огромните врски кои постојат кај „пријателите и соработниците“ на 270 илјади корисници на Фејсбук, на 50 милиони од нив, може да им бидат компромитирани личните податоци.

Велика Британија отвори истрага за „Кембриџ Аналитика“ и заплени информации од лондонскaта канцеларија.

Германската министерка за правда, Катарина Барли, се сретна со претставници на Фејсбук, а подоцна повика на построги регулативи и построги казни за компаниите како Фејсбук.

„Фејсбук уште во минатото даде гаранции дека мерките што се преземаат ќе бидат од корист и дека вакво нешто нема да се повтори“, рече таа. „Но, ветувањата не се доволни. Во иднина ќе мораме да ги регулираме компаниите како Фејсбук многу построго отколку сега“.

Фејсбук истакна дека останува „силно посветен“ за заштита на информациите на луѓето и ќе одговори на прашањата на ФКТ.

Првиот човек на компанијата Марк Цукерберг, во неделата им се извини на корисниците за масовното „кршење на довербата“ од страна на Фејсбук.

Цукерберг не ја спомена „Кембриџ Аналитика“, која беше платена со шест милиони американски долари за успешната претседателска кампања на претседателот на САД, Доналд Трамп, за Белата куќа да развие профили на гласачи.

Цукерберг вели: „Ова беше прекршување на довербата, и жал ми е што не сторивме повеќе во тоа време“, кога Коган ги пренесе податоците на Фејсбук на Кембриџ Аналитика. „Ние сега преземаме чекори за да се осигураме дека ова нема да се случи повторно“.

„Имаме одговорност да ги заштитиме вашите информации“, рече тој. „Ако не можеме, тогаш не го заслужуваме сето ова“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG