Линкови за пристапност

Утре почнува судскиот процес за „Рекет“


Дали ќе ја признаат вината и каде завршиле еден и половина милион евра земени од бизнисменот Орце Камчев се клучните барања кои ги очекува јавноста

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, Катица Јанева и Зоран Милевски утре ќе се појават во судницата на скопскиот Кривичен суд. Јавноста очекува одговори на многу прашања кои останаа неодговорени и многу детали кои се` уште се непознати, со оглед на фактот дека Јанева и Јовановски не дадоа исказ во текот на истрагата.

Она што е јасно е дека само Јовановски ќе биде спроведен од истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, додека Јанева и Милевски ќе бидат спроведени од нивните станови во Скопје каде издржуваат куќен притвор.

Неизвесно е и како Јовановски, Јанева и Милевски, ќе се произнеса,т односно дали ќе ја признаат вината или ќе го отфрлат обвинителниот акт на тимот од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, предводен од шефицата Вилма Рускоска.

Агендата за судскиот процес е набиена и веќе се закажани четириерсетина рочишта во наредните три месеци

Клучното прашање на кое треба да се даде одговор е каде се парите - еден и половина милион евра кои бизнисменот Орце Камчев, сведок во „Рекет“, а осомничен во предметот на СЈО „Империја“, ги дал на двоецот Јовановски - Милевски.

Од Обвинителството соопштија дека имаат докази за дел од парите и дека тие не завршиле кај политичари, без да прецизираат како го знаат тоа со оглед на фактот дека по голем дел од сумата се` уште се трага.

Одлуката на Апелација да и` го укине притворот на Јанева и да го замени со куќен предизвика жестоки реакции во јавноста, но, и отворен судир меѓу Обвинителството и Судот.

Вечерта, на 19 ноември, кога таа беше префрлена во станот на нејзиниот син во центарот на Скопје, од каде ќе се спроведува на секое рочиште во Судот, Русоска испрати смс порака до еден од судиите на Апелација, кој ја донесе одлуката за отворање истрага за нивното работење.

Обвинителниот акт против Јовановски, Јанева и Милевски беше поднесен на 10 октомври, а прифатен од Советот на Кривичниот суд на 8 ноември.

Според доказите кои ги имаат Русоска и нејзиниот тим, мозокот на операцијата е Јовановски, кој користејќи го пријателството со Јанева успеал да ја убеди, за финансиски надомест, да му ја олесни положбата на осомничениот бизнимен во случајот „Имеприја“ - Орце Камчев, односно да му го укине притворот и замени со куќен, а потоа и да му го врати пасошот.

Милевски бил човекот кој посредувал меѓу Јовановски и сопружниците Камчеви. На средбите Јовановски ја потенцирал својата блискост со Јанева и влијанието врз неа, а на снимките кои ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“ можеше да се чуе и како Јанева, вклучена на звучник на телефонот, разговара со Камчев.

Првата рата, 500 илјади евра, Јовановски ја зел од сопругата на Орце Камчев, а Јанева, според договореното, побарала да му се укине притворот.

По исплаќањето на втората рата, еден милион евра, Јанева му го враќа пасошот на Камчев, со што тој може слободно кога сака да ја напушти државата, иако е под истрага токму од обвинителите на СЈО.

Доказите кои ги има Рускоска покажуваат дека Јанева зела 50 илјади евра од рекетраните пари и добила мебел вреден 296 илјади денари од Јовановски.

Истрагата за случајот „Рекет“ се прошири и кон невладината организација на Јовановски „Меѓународен сојуз“ и нејзиното финансикото работење.

На површина испливаа уплатите на бизнисмените Силјан Мицевски од 726 илјади евра и Ардија Амозски од 260 илјади евра, за проект за изградба на дом за стари лица, кој никогаш не почна. Парите биле префрлени на сметка на пензионерка од Скопје.

Во оваа истрага се осомничени шест лица, меѓу кои и потпретседателката на Собранието од редовите на СДСМ Фросина ременски, на која и` се изречени мерки на претпазливост.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG