Врз жена во југоисточната американска држава Вирџинија е извршена смртна казна со смртоносна инјекција заради убиство од 2002 на нејзиниот сопруг и посинок. Тереза Луис е првата жена подложена на смртна казна во Вирџинија за речиси 100 години.
Таа е првата егзекутирана жена во САД од 2005 година.
Врховниот суд на САД и гувернерот на Вирџинија Боб МекДонел одбија да ја спречат егзекуцијата.
Луис, стара 41 година, призна дека е виновна за најмување две лица да ги убијат таткото и синот заради животното осигурување. На најмените убијци им е дадена казна доживотен затвор.
Адвокатите на Луис бараа да биде поштедена зашто била на работ на ретардираност и дека била искористена од поумни соучесници. Гувернерот МекДонел неодамна кажа дека бројни психолози и психијатри ја анализирале Луис и дека ниеден не ја дефинирал како ментално ретардирана.