Линкови за пристапност

Осумдесетгодишник се искачи на Монт Еверест


Но неговиот рекорд може да има кус век бидејќи 81-годишен Непалец е веднаш зад него

Осумдесетгодишен Јапонец стана настариот човек што се искачил на највисоката планина на светот – Монт Еверест.

Јуихиро Миура, чија веб-страница вели дека се искачил на Монт Еверест два пати пред тоа, во неговите 70-ти години, во четврток стигнал на врвот на 8.850-метри високата планина.

Но неговиот рекорд може да има кус век бидејќи 81-годишен Непалец е веднаш зад него, подготвувајќи се да биде на врвот на Монт Еверест следната недела. Мин Бахадур Шерчан, поранешен Гурка војник во британската армија, започнал со планинарење во 1960.

Двајцата ривали се натпреварувале и порано. Во 2008 Миура стигнал на Еверест на 75 години, но не постигнал рекорд на најстар човек на врвот бидејќи Шерчан стигнал на врвот еден ден пред тоа, на возраст од 76 години.
XS
SM
MD
LG