Улогата и помошта на стабилните и фискално умешни земји, кои ги претставуваат темелите на еврозоната, е од витално значење, потенцираше лидерот на грчката социјалистичка партија ПАСОК, Евангелос Венизелос, на излагањето во Центарот Вудроу Вилсон посветено на фискалните предизвици во јужниот дел на Европа. Ова особено затоа што земјите-членки на кои им е потребна финансиска помош не го губат само монетарниот, туку и буџетскиот и фискален суверенитет, наведе грчкиот политичар.
Одговарајќи на новинарски прашања, Венизелос повика на дискреција кога за Гласот на Америка на македонски го оцени актуелниот статус на преговорите за името меѓу Македонија и Грција по најновиот предлог на посредникот Метју Нимиц: „Доколку се верува дека решението е можно преку посредништвото на Метју Нимиц, мора да се сочува тајноста и дискреционите маневри на амбасадорот. Од особена важност е да се избегне давање изјави и опишување на овој спор со академски термини“.
Не одговарајќи директно дали има сознанија дека во блиска иднина ќе дојде до средба меѓу премиерите на Грција и Македонија, Венизелос коментираше: „Оптимист сум, но за да имa решение, неопходно е и владата на премиерот Груевски да прифати дека Грција е подобриот и попродуктивниот пат за Скопје до Брисел, затоа што без посредништво на Грција, Скопје нема да ги оставари европските цели“.
За успех во преговорите, Венизелос предлага избегнување на повторувањето на различните аргументи од обете страни и фокусирање на вниманието кон напорите на генералниот секретар на ОН и на посредникот Нимиц: „Тоа би бил мошне поконструктивен и попријателски пристап. Сепак, неопходно е да не се изостави таканаречената „црвена линија“ на Грција по прашањето. Апсолутно е неопходно е да се подготви конструктивно и взаемно прифатливо решение за проблемот“.
На новинарско прашање дали Грција ќе го блокира натамошниот процес за Македонија на патот кон ЕУ, Венизелос возврати: „Ги прифаќаме солидните ангажмани на амбасадорот Нимиц на ова ниво и подготвени сме за разговори во рамки на Времената спогодба меѓу двете земји. За ПЈРМ, Грција е вистински пријател и би рекол вистински и реален патоказ за влез во ЕУ“.