Линкови за пристапност

Евакуирани последните македонски граѓани од Газа


Некои од агенциите во Северна Македонија, по неколку месечна пауза, повторно почнаа да нудат аранжмани за посета на Израел.
Некои од агенциите во Северна Македонија, по неколку месечна пауза, повторно почнаа да нудат аранжмани за посета на Израел.

Од Газа, евакуирани се последните македонски граѓани кои се наоѓаа таму, откако претходно со почетокот на воените дејствија, преку граничниoт премин Рафах, беа евакуирани пет македонски државјани и една палестинска државјанка, сопруга и мајка на две деца, со македонско државјанство. Семејството по привремено вдомување во Каиро, ќе биде упатенo кон дома, велат од македонското министерство за надворешни работи.

„Во текот на изминативе 24 часа и последните тројца наши граѓани, мајка сo две деца кои претходно по сопствен избор беа останати во Газа, на нивно барање, веќе се евакуирани и со тоа се заокружува бројот на нашите граѓани кои ги имаат контактирано нашите дипломатски конзуларни претставништва во Каиро и Тел Авив со намера да им се обезбеди асистенција при евакуацијатa“, информираат од Министерството за надворешни работи.

Од МНР велат дека во трансферот на македонските државјани од Каиро до Скопје, помогнале од канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ). Потсетуваат дека доколку и понатаму има граѓани кои се наоѓаат во Газа, да контактираат на сос телефонските броеви на МНР, како и амбасадите во Тел Авив и Каиро.

Во меѓувреме се уште има македонски државјани, кои останаа во Израел, и покрај тоа што добар дел од нив, кои со години престојуваат таму се вратија назад дома, по нападот на Хамас на Изрaел, на 7 октомври минатата година. Еден од оние кои остана да живее и работи е Игор Анастасов од Велес.

„Ситуацијата во Израел е нормална. Повеќе од месец дена животот тече мирно. Туристи не доаѓаат како порано бидејќи се плашат од војната. Очекувањата на Израелците, со кои што лично сум зборувал се дека брзо ќе заврши војната. Фирмите и се друго овде, како што се маркети, дуќани, кафетерии, ресторани работи нормално“, вели Игор Анастасов, Македонец во Израел.

Но иако во мал број има и такви кои повторно се вратија назад на работа во Израел, откако претходно заминаа за Македонија.

„Јас познавам двајца што се вратија назад во Израел“, вели Анастасов.

Некои пак од агенциите во Северна Македонија, по неколку месечна пауза, повторно почнаа да нудат аранжмани за посета на Израел.

Туристичката агенција Орфеј травел, на нивната веб страна под наслов, „ИЗРАЕЛ-СВЕТАТА ЗЕМЈА ПОВТОРНО ЌЕ ГИ ОТВОРИ ВРАТИТЕ ЗА ТУРИСТИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ“, нуди тридневни аранжмани. Првите аранжмани кои се нудат се за период од 6 до 9 февруари, па потоа од 5 до 8 март. Дали има или не интерес, одговор не добивме.

Од туристичките агенции во Северна Македонија велат дека некои од авио компаниите полека ги враќаат авионските летови за Израел, и оти руските туристи се меѓу првите, кои повторно почнуваат да ја посетуваат светата земја.

XS
SM
MD
LG