Линкови за пристапност

Намален клучната каматна стапка во Еврозоната


Берзите не се одушевени од потегот

Европската централна банка намали една од нејзините клучни каматни стапки во четвртокот како обид да се поттикне бавната економија на континентот.

Депозитната стапка на Централната банка, што влијае на останатите банки зашто тие оставаат вишок пари во готово во Централната банка преку ноќ, веќе беше во негативна територија. Наместо да заработуваат камата на такви краткорочни депозити, помалите банки мораат да платат парична давачка на Централната банка за блокот од 19 земји коишто ја употребуваат заедничката евро валута.

Европската централна банка ја скрати својата клучна каматна стапка од -0,2 проценти на -0,3 проценти.

Со зголемување на каматната парична казна која ја наплатуваат од своите банки-членки, Централната банка се надева на стимулирање на кредитирањето. Исто така вели дека ја продолжува својата програма за обврзници, што е друга форма на економско стимулирање, од септември 2016-та до март 2017-та година.

Европските пазари во Лондон, Франкфурт и Париз очигледно не се импресионирани од потезите на Централната банка. Индексот на берзата падна брзо откако каматната стапка беше најавена. Аналитичарите велат дека банката требало да направи повеќе за да го поттикне економскиот пораст.

Политиката на Европската централна банка е во контраст со оној на Федералните резерви на САД, која ја прекина својота програма за купување обврзници и се очекува да ги подигне каматните стапки на крај на овој месец.

Управувањето на Американските федерални резерви со американската монетарна политика беше засновано на економски показатели беа многу попозитивни од оние во Европа. Американскиот пазар на труд секој месец отвара околу 200.000 работни места и невработеноста е намалена за пет проценти, што е најниско ниво од 2008-ма година. Американската економија има растеж со стапка од 2,24 проценти во првите девет месеца од 2015-та година.

XS
SM
MD
LG