Линкови за пристапност

Во Црно Море потона брод со мигранти


Четири лица се удавиле, а најмалку 20 се водат за исчезнати, откако рибарски брод кој превезувал мигранти, потонал во близина на турското крајбрежје на Црното Море, се вели во соопштението на турската крајбрежна стража.

Најмалку 38 мигранти биле спасени. Рибарскиот брод потонал рано утрово во близина на Кефкен, околу 200 километри источно од Истанбул.

Во соопштението се додава дека во регионот била испратена помош, откако комерцијален брод регистрирал сигнал за помош испратен од рибарски брод.

Се` уште не е познато во кој правец се движел бродот и нема информации за националностите на мигрантите.

Во време кога бројот на мигранти кои минуваат низ Егејското Море на пат до Европската Унија се намали, забележано е значително зголемување на бројот на лица кои го преминуваат Црното Море од Турција кон Романија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG