Линкови за пристапност

Која е најголемата закана во кибернетскиот простор денес?


Европол со годишен извештај за опасностите на интернет и мерките за заштита

Европската меѓународна агенција за спроведување на законот – Европол (Europol), во својот годишен извештај вели дека компјутерскиот вирус ransomware, ги надминал сите други форми на кибернетски криминал во 2017-та година. Со тоа, во моментов е најопасната закана во интернет-просторот.

Директорот на агенцијата Роб Веинврајт, го издвои глобалниот кибернетски напад во мај - „WannaCry“, што предизвика сериозни штети на операциите на владини агенции и приватни компании во преку 60 земји.

Хакерите зад нападот користеа програми, при што болници во Британија, на пример, беа приморани да пренасочуваат амбулантни возила и да откажуваат операции. Воедно, бил баран и откуп за пристап до документи од компјутери, за кои било познато дека имаат вирус.

Директорот на Европол додаде дека додека властите успешно ги сузбиле поголемите криминални активности на интернет, „колективниот одговор и натаму е назадоволителен и луѓето и компаниите ширум целиот свет, мора да вложат поголеми напори за подобро да се заштитат“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG