Линкови за пристапност

Започнаа европските избори


Стотици милиони луѓе во 28 земји-членки учествуваат на изборите, кои ќе траат четири дена

Гласачите во Европската унија денеска започнаа да гласаат на изборите на кои ќе бидат избрани претставници за Европскиот парламент, кој ќе ја обликува иднината на блокот.

Стотици милиони луѓе во 28 земји-членки учествуваат на изборите, кои ќе траат четири дена.

Анкетите за јавното мислење пред гласањето сигнализираа предност за популистичките и националистичките кандидати кои сакаат да го ограничат опсегот на активностите на ЕУ во корист на зголемениот авторитет за поединечни земји-членки да ги реализираат своите сопствени политики.

„Мислам дека од суштинско значење е да разбереме дека ЕУ мора да се реформира, дека е потребна фокусирана агенда и ограничување на бирократијата“, рече холандскиот премиер Марк Рут.

За сега, во Европскиот парламент остануваат 751 член. Тој број требаше да се намали со планираниот излез на Велика Британија во март, но повторното одложување на Брегзит значи дека Велика Британија се уште е земја-членка и затоа мора да учествува на изборите.

Првите резултати треба да бидат објавени доцна во недела.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG