Линкови за пристапност

Преку 30 жртви во шумските пожари во Шпанија и Португалија


Најмалку 34 лица загинаа во шумските пожари во Португалија и регионот Галиција, во Шпанија, соопштија властите.

Во северниот и централен дел на Португалија во пожарите досега животот го загубија најмалку 31 лице, а преку 50 се повредени. Притоа илјадници жители мораа да бидат евакуирани. Според локалните медиуми, неколку лица и натаму се водат за исчезнати, вклучувајќи и едномесечно бебе.

Властите во Шпанија соопштија дека три лица го загубиле животот во огнената стихија.

Владата во Португалија прогласи вонредна состојба за регионот северно од реката Тахо. Денеска таму беа распоредени преку 6.000 пожарникари.

Ветриштата од ураганот „Офелија“ само ја влошија ситуацијата со шумските пожари, за кои португалските и шпански власти велат дека биде подметнати.

Од шпанското Министерство за внатрешни работи велат дека неколку лица веќе се идентификувани како можни сторители. Властите го повикаа локалното население да дојави какава било информација поврзана со настанот.

Шумските пожари се вообичаен проблем за Португалија, каде силните ветови од Атлантикот само надодаваат на топлата и сува клима. Во пожарите во јуни, загинаа 64 лица, а 150 беа повредени.

Според научниците, климатските промени ја продолжија сезоната на шумски пожари од два на пет месеци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG