Линкови за пристапност

Европа загрижена за можна тортура за осомничени за тероризам


Многу лидери и познати личности изразија разочарување дека новата администрација може да ги оживее тајните локации на ЦИА, надвор од САД

Можното повторно воведување на забранети техники на испрашување, како симулирање давање и отворање тајни локации на ЦИА надвор од САД, за справување со потенцијален тероризам, го зголемија алармот во Европа од најавите на новата администрација на САД.

Во Лондон, ситуацијата се подгреа и со патувањето на британската премиерка Тереза Меј во Вашингтон, која очекува дека тоа ќе биде почеток на процес на изградба на блиски релации меѓу Британија, по Брегзит и САД.

Членови на владејачката конзервативна партија на Меј, опозициски лидери, како и познати личности, меѓу кои и авторот на Хари Потер, го искритикуваа претседателот на САД Доналд Трамп, за изјавите за Си-Ен-Ен дека „мачењето функционира“.

Тие изразија разочарување дека новата администрација во Вашингтон може да земе предвид повторно отворање на тајни затвори на ЦИА, надвор од САД, со цел да се справи со осомничени терористи.

Извештаите за нивно заживување се базирани врз основа на наводната нацрт-верзија на извршна наредба, со која претседателот Трамп може да направи ревизија на техниките на САД на испитување осомничени терористи.

Њујорк Тајмс и Асошиетед прес објавија копии од документ, за кој велат дека циркулира меѓу највисоките официјални претставници на администрацијата.

Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер, пак, изјави дека не се работи за документ на Белата куќа.

Ендрју Тајри, конзервативен законодавец, ја повика Меј на средбата со Трамп да истакне дека Британија нема да помага тортура или да обезбедува поддршка во раководење тајни локации.

Меј одговори дека „ќе го осигурам мојот почитуван пријател дека имаме многу јасна позиција за тортурата. Ние не одобруваме мачење, нема да се вклучиме во такво нешто, и тоа ќе остане наш став“.

Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија Џереми Корбин, ја предупреди Меј да застане зад вредностите на нивната држава кога ќе се сретне со Трамп, и да се спортивстави на неговата поддршка за тортурата, која е нехумана и нелегална.

Меј изјави дека ќе зборува отворено со Трамп за прашањата за кои не се согласуваат, укажувајќи на нејзините критики за жените и за Муслиманите.

Владата на Џорџ Буш ја одобри мерката мачење за осомничени лица за тероризам, по нападите на 11-ти септември 2001-ва, но беше прекината кога Барак Обама стана претседател во 2009-та, со што официјално забрани за вакви методи на испрашување.

XS
SM
MD
LG