Линкови за пристапност

Европските џихадисти се` помлади


Една третина од уапсените наводни терористи минатата година биле на возраст под 25 години

Џихадистите кои се обидуваат да изведат терористички напади во Европа се помлади лица и меѓу нив има повеќе жени, во однос на порано се вели во новиот извештај на Европол.

Во извештајот се наведува дека минатата година во Европа полицијата уапсила 718 наводни терористи -речиси двојно повеќе од 2014-та година. Речиси една третина од уапсените биле на возраст под 25 години. Џихадистите кои се враќаат од боиштата од Сирија и Ирак се` уште се водечка закана за Европската унија и властите се плашат дека тие во нападите во Европа можат да употребат беспилотни летала, како што тоа го прават во овие земји.

Со цел да се справат со заканата од џихадистичкото насилство во Европа, лидерите на ЕУ велат дека споделувањето на информации ќе биде позначајна во годините што доаѓаат.

„Борбата против тероризмот ќе остане на врвот на нашите приоритети , не само во Европа туку и на глобално ниво“, рече комесарот за имиграција на ЕУ, Димитрис Аврамопулос.

Извештајот на Европол вели дека џихадистичките групи станале пософистицирани во користењето на социјалните мрежи за ширење на нивните пораки и регрутирање на следбеници. Од друга страна Исламската држава го намалила нивото на видео продукција, во време кога се бори да ја задржи контролата над самопрогласениот калифат во Сирија и Ирак.

Според извештајот, се помалку џихадисти патуваат да се борат во Сирија, каде Исламската држава ја губи контролата на територијата. Тоа не мора да биде позитивен развој, ако се им предвид дека џихадистите кои се враќаат во Европа преставуваат зголемена опасност за регионот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG