Линкови за пристапност

Безбедноста на европските нуклеарки под меѓународните стандарди


На Европа и` се потребни најмалку 13 милијарди долари за подобрување на нуклеарната безбедност.

Еврокомесарот за енергетика Гунтер Отингер на неодамнешното обраќање во Брисел истакна дека речиси насекаде во Европа постои потреба од подобрување на безбедноста во нуклеарните централи. Тој истакна дека Комисијата треба да работи со регулаторите и операторите за да ги постигне највисоките стандарди што е можно поскоро. Постои и наредба за тестирање, особено по минатогодишната нуклеарна катастрофа во Јапонија, како резултат на земјотресот и цунамите.

Европа спроведе и истрага за тоа дали нуклеарните постројки се оспособени да поднесат природни катастрофи, авионски несреќи и неуспешни пропусти во менаџирањето. Направени се и тестирања за тоа дали можат да се справат со проблеми со електричното напојување.

По евалуацијата е заклучено дека нуклеарните централи поседуваат „задоволителна“ безбедност, но многу од нив се под меѓународните стандарди. Во извештајот се додава дека речиси кај сите 143 централи на ЕУ има потреба од подобрувања.

Ревизијата е направена на доброволна основа, а Комисијата нема овластувања да врши притисок за да се направат какви било реновирања. Но, Отингер сугерира владите треба да изготват временска рамка за акција и во 2014 ќе биде направена уште една проверка. Одредени евро-парламентарци во Брисел велат дека биле разочарани што Комисијата не презела поостра акција за нуклеарната индустрија.

Евалуацијата е направена во 15 земји од ЕУ плус Швајцарија и Украина. Британија и Франција изразија резерви по извештајот.
XS
SM
MD
LG