Линкови за пристапност

Спасени 211 мигранти од водите на Средоземното море


Основачот на Опен армс, Оскар Кампс, упати уште еден апел до европските влади за помош

Две француски добротворни организации извлекоа уште 81 мигрант од водите кај брегот на Либија во неделата, со што бројот на оние што беа спасени во петокот се искачи на 211 лица.

Организациите „Лекари“ без граници и „СОС Медитеран“ интервенираат со помош на норвешкиот спасувачки брод „Океан Викинг“.

Во меѓувреме, шпанската група за помош, „Опен армс“, соопшти дека на бродот за спасување има 160 мигранти, вклучително и тројца на кои им е потребна „специјализирана медицинска помош“.

Основачот на Опен армс, Оскар Кампс, упати уште еден апел до европските влади за помош, особено до Италија, каде се наоѓа најблиското безбедно пристаниште.

Но, ултрадесничарскиот министер за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини, рече дека Италија не е „законски обврзана, ниту расположена да презема нелегални и неидентификувани мигранти“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG