Линкови за пристапност

Мигрантите ги поделија Рим и Париз


По коментарите на Макрон, Италија го повика на консултации францускиот амбасадор

Италија го повика на консултации францускиот амбасадор во државата, како одговор на вчерашните коментари на францускиот претседател Емануел Макрон со кои тој ја осуди италијанската влада која врати назад стотици мигранти кои се наоѓаат на спасувачки брод.

Макрон ја осуди одлуката на новата италијанска популистичката влада, велејќи дека според меѓународното право мигрантите мора да бидат прифатени.

„Постои ниво на цинизам и неодговорност во однесувањето на италијанската влада во однос на драматичната хуманитарна ситуација“ изјавил францускиот претседател пред членовите на неговиот кабинет, рече владиниот портпарол Бенџамин Гиво.

Недоразбирањата ги истакнаа разликите меѓу членките на Европската унија за начините на справување со неколкугодишната мигрантска криза. Во изминативе пет години Италија прифати повеќе од 640,000 мигранти, додека останатите држави членки во голема мерка одбиваат нивно прифаќање.

Италијанскиот заменик премиер, Луиџи Ди Мајо ја отфрли француската критика.

Италија веќе испрати два брода за да помогнат во транспортот на 629 мигранти во Шпанија, откако Мадрид реши доброволно да ја прифати групата.

Мигрантите кои мината недела заминале од брегот на Либија кон Италија се блокирани на бродот „Аквариус“ кој се наоѓа во меѓународните води на Средоземното море, помеѓу Италија и Малта која исто така одби да ги прими.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG